Екодром најуспешен на Државното Првенство во планински велосипедизам

   Во неделата на 21.07.2013 во организација на ВФМ, и велосипедскиот клуб ЕБТС – ПроБајк од Скопје, по падините на Шар Планина поточно во месноста Попова Шапка се одржа Државниот Натпревар во Планински Велосипедизам во категоријата ХС – Cross Country, Попова Шапка 2013. Одлично подготвената патека, динамичната со екстремни спустови и вештачки подготвени препреки, претставуваше атракција сама за себе. За прв  беа применети вештачки препреки и скокови изработани од дрвена граѓа, кои се повеќе се застапени во Планинскиот Велосипедизам во натпреварите кои се во организација на UCI Интернационалната Унија на Велосипедисти. Според правилникот на ВФМ Велосипедската Федерација на Македониа, натпреварите во планински велосипедизам се од отворен карактер за учество на нелиценцирани велосипедисти во рекреативната категоријата, со цел омасовување на планинскиот велосипедизам.

   Напорна со екстремни нагорнини, испреплетена на мал простор,  овозможуваше да ја следите трката во целост од едно место, што посебно ја воодушеви публиката која со овации ги бодреше велосипедистите. На стартот се појавија 36 велосипедисти во вкупно 5 категории кои се впуштија во  борбата за државниот трофеј. После час и половина напорно натпреварување судиската комисија ги прогласи националните прваци во планински велосипедизам за сезона 2013.

   Во најелитната категорија Елит – Сениори, редоследно втора година недостижен на прво место 

1-во Бленди Троци – Екодром, Охрид

2-ро Дарко Митоски – Енерџи, Скопје

3-то Дарко Симоноски – ЕБТС – Скопје

   Во категорија на Јуниори, трета година редоследно на првата позиција 

1-во Јован Јованоски – Екодром, Охрид

2-ро Петар Упевчески – Екодром, Охрид

3-то Левент Рифат – З‘ш Точак, Охрид

  Во категорија на Кадети, новиот шампион во Охридскиот Екодром

1-во Новица Велјаноски – Екодром, Охрид

2-ро Драган Цветков – МВК, Велес 

3-то Кристијан Николов – МВК, Велес

  Во категорија на Мастерс 

1-во Љубиша Кондев – Енерџи , Скопје

2-ро Стојан Хаиефтимов – Свиок, Радовиш

3-то Владимир Несторовски – ЕБТС, Скопје

  Категорија Жени, 

1-во Анета Антовска – Енерџи, Скопје