Индиец тврди дека е најстар човек на светот

Индиецот Фероз Ун Дин Мир, кој има десетина деца, тврди дека е најстариот човек на светот, бидејќи има 141 година. Тој вели дека на крштеницата која ја има, наводно е напишан 10 март 1872 година како негов датум на раѓање.

Дин Мир е роден во планините на северот од Кашмир, а долг период ѓивеел и работел во Пакистан. Тој се женел повеќе пати, а моментално е во брак со петтата жена, која, доколку се точни податоците за датумот на раѓање, од него е помлада цели 60 години.

Официјалните лица од Гинисовата книга на рекорди ги проверуваат овие податоци, а доколку се точни, овој Индиец ќе ја земе „титулата“ најстар човек на светот од јапонката Мисао Окава која има 115 години.