Комитите пречекани од градоначалниците на Дебрца и Демир Хисар во Илинска црква

Денес градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски и градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски на Илинска Планина кај Илинска Црква заеднички ги пречекаа комитите од здружението „Христо Узунов“ кои тргнувајќи од Охрид традиционалниот Илинденски Марш го поминуваат и низ територијата на општина Дебарца.

Комитите како и нивните потомци кои вирееле во овие краишта за време на Илинденското Востание, ноќта ќе ја преноќат во конаците на Илинска Црква и својот марш ќе го продолжат кон славното Крушево на Мечкин Камен каде  ќе учествуваат на прославата по повод од 110 годишнината од Илинденското Востание.

Градоначалниците воедно разговараа за поврзување на овие две општини преку патот кој води преку Илинска планина и ги поврзува двете општини, а воедно и продлабочување на соработката, особено во областа на туризмот и изградба на велосипедски и пешачки патеки во овој живописен крај.