Градоначалникот Трајкоски со честитка до жителите на општина Дебрца по повод Илинден

Празнувањето на 2 ри Август ИЛИНДЕН Денот на Републиката и одбележувањето на Второто заседание на АСНОМ претставува најголема почест која може да им се оддаде на сите борци од Илинденци до Борците во НОБ за нивното достигнување – идеалите за слобода и еднаквост. Денес сите ние сме должници и чувари на нивното достигнување и како такви Вечно ќе го чествуваме овој голем Државен празник.

Честа е уште поголема со тоа што територијата на општина Дебрца била една од најактивните во борбата за денешната слобода.

Оттука во континуитет се продолжува со чување на светите идеали наследени од нашите предци, стои во честитката од градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски.