Едукативни работилници за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД програмата

Врз основа на објавениот јавен повик 1/2013 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата) кој е објавен  на 08.07.2013   на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид организира едукативни работилници со цел заинтересираните страни и пошироката јавност да се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.

Работилниците ќе се одржат во просториите на некогашната Општина Косел на 6.08.2013 (вторник)  во  20:00 часот за селата Косел, Опеница, Вапила, Лескоец, Ливоишта, Велгошти.

Во просториите на школото Св.Наум Охридски на 7.08.2013 (среда) со почеток во 20:00 часот за селата Елшани, Пештани, Коњско, Трпејца, Љубаништа. 

Канцеларијата за административни работи и стручна подршка на развојот на земјоделието во рамките на ТЛЕР овозможува покавалитетна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и другите институции поврзани со оваа област, земјоделците тука ќе можат да  обезбедат неопходни информации кои ќе им овозможат зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците за производство,  конкурирање и искористување на домашните и странските можности за финансирање во рамките на земјоделството, навремено препознавање и соочување со потенцијалните ризици и предизивици за производство и за пласман на производи од сферата на земјоделството, издавање на решенија за помошни објекти, оранжерии или објекти за примарна обработка на земјоделски производи кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште, издавање на уверенија и потврди на индивидуални земјоделски производители за продажба на зелен пазар во РМ, изготвување на опис, попис и проценка на насади и посеви во постапка за експропријација.

Се покануваат сите зинтересирани граѓани, земјоделци, правни и физички лица да присуствуваат на работилницата и да се запознаат со можностите кои ги нудат измените на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средствата.