Италијанскиот пијанист Маурицио Морети на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Цркавта „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ е италијанскиот пијанист Маурицио Морети со изведба на дела од Шуман, Вагнер, Лист, Шопен, Дебиси, Момпоу, Барток. 

Маурицио Морети е еден од најистакнатите претставници на познатата италијанска пијанистичка школа. Спојот на беспрекорната техника и инспиративната интерпретација, заедно со неодоливиот италијански шарм, го прави ѕвезда која ги воодушевува и слушателите, и најстрогите критичари. Во текот на неговата повеќе од дведецинска кариера Морети настапува во најпрестижните европски сали, како и на концертните подиуми ширум свет. Морети настапувал со Кралскиот оркестар на Концертгебау, Московскиот симфониски оркестар, Будапештанскиот симфониски оркестар, Прашкиот филхармониски оркестар, Киевскиот филхармониски оркестар, Камерниот оркестар на Европската Унија, Стокхолмскиот камерен оркестар, „Солисти на Ла Скала“, „Московски солисти“, „Салцбуршки солисти“, „Солисти на Перуџа“, соработувајќи со диригентите Петер Мааг – познатиот интерпретатор на Моцарт, Јустус Франц, Сауљус Сондецкис, Јуриј Башмет, Пјеро Белуџи и Марк Тaрду. Морети е уметнички директор на неколку музички фестивали. Во моментот тој е професор по пијано на Конзерваториумот во Калјари и гостин-професор на познатиот Кусацу Фестивалот и Академијата во Јапонија, како и професор на мастер класите ширум светот.