Обележани пешачките премини кои се во близина на училиштата

Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид, во изминативе денови вршеше обележување на раскрсниците и пешачките премини кои се наоѓаат во близина на основните и средните училишта кои се наоѓаат во општина Охрид.

Овие активности се преземаат за да се зголеми безбедноста на учениците и другите учесници во сообраќајот пред почетокот на новата учебна година.