Трговци со органи му ги извадиле очите на шест годишно дете во Кина

Шестгодишно дете остана без своите очи во Кина, откако му биле извадени од страна на суров трговец со органи, најверојатно жена.

Членовите на семејството го пронашле детето облеано во крв, три до четири часа откако исчезнало додека си играло надвор.

Очите од детето биле пронајдени недалеку, но без рожници, се наведува во соопштението, како и тоа дека нападот го извршил трговец со органи.

Полицијата понуди награда од 16 илјади долари за информација за апсење на напаѓачот, а според првите сознанија станува збор за жена.

Детето било дрогирано и ја изгубило свеста пред напаѓачот да ги извади неговите очи.

Околу 300 илјади пациенти во Кина чекаат трансплантација секоја година, бидејќи нема доволно донатори.

Детските органи се поскапи на црниот пазар, бидејќи многумина веруваат дека „колку е помлад органот, толку е со подобар квалитет“.