Турбуленции над Хонг Конг, повредени 45 патници

Поради острите турбуленции над хонгконгшкиот аеродром, вчера во два одделни случаи (летови), биле повредени 45 патници.

Тајландската авиокомпанија „Тај Ервејз“ наведе дека во авионот „Ербас А380“ со 500 патници, кој полетал од Банког, повредени биле 39 луѓе. Меѓу повредените имало и патници и членови од екипажот, кои подоцна биле пренесени во болница.

Покрај тоа, поради турбуленции исто така при слетувањето во Хонг Конг се повредени 3 патници и 3 членови на екипажот во авион од „Хонг Конг Ерлајнс“ на летот кон Тајландскиот остров Пукет.