Градоначалникот Трајкоски им додели училишен прибор на првачињата од Дебарца и стипендии на најдобрите ученици

Денес на почетокот од новата учебна година градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски го посети ОУ Дебрца. Градоначалникот на 28 првачиња кои го започнаа своето образование во општина Дебарца им врачи комплет училишен прибор и ташни, кои претходно беа донирани од познатиот бизнисмен од Перт Западна Австралија, Драган Капинков. Исто така Трајкоски на најдобрите 20 ученици од основно и средно образование им додели стипендии.

„Од страна на општина Дебарца, по моја инцијатива беше донесена одлука во Советот да се стипендираат 20 ученици од кои 10 од основно образование и 10 од средно образование кои излегуваат од училиштето во Дебарца. Денес на свечен чин им беа доделени стипендиите и училишниот прибор на сите ученици кои  започнуваат со настава“, – истакна  градоначалникот Трајкоски.

Како што рече Трајкоски бројот на ученици од година во година се намалува.

„За жал бројот на првачиња според бројот на населени места е во намалувачки какрактер, не само оваа година, значи во континуитет го имаме тој број. Имаме 28 првачиња, а 11 паралелки во различни села. Проблем е како и во сите други општини намалениот број на ученици во училиштата“, – изјави Трајкоски. 

Градначалникот Игор Трајкоски на сите ученици, а најмногу на малите првачиња им посака успех, многу петки во текот на образованието и како што рече од нив да произлезат видни личности, успешни карактери, а со тоа секако да се гордеат нивните родители.

WebOhrid