Национална вежба за превенција од тероризам – „ГАЛЕБ 2013“

Денес и утре во Охрид, повеќе организациони единици при Министерството за внатршни работи ќе ја изведуваат националната вежба за превенција од тероризам насловена „Галеб 2013“, а којашто се организира во рамки на активностите предвидено со Акциониот план на Националната стратегија за борба против тероризмот.

Вежбата која ќе се одвива овие два дена се состои од повеќе етапи и според предвиденото сценарио вежбовните активности се насочени кон спасување на ВИП гости по нивно киднапирање на брод на Охридското  езеро.  

Притоа, главна цел е да се согледаат капацитетите и подготвеноста за брза реакција на безбедносните органи во случај на киднапирање брод, како и да се детектираат евентуалните слабости кои би биле во функција на воспоставување нови механизми за соодветно спротиставување на терористичка закана од овој вид.

Утре во рамките на фазите од вежбата посветена на штабните подготовки и акцијата за спасување на заложниците (од 9:30 до 14 часот), предвидено е вежбата да ја посети и да проследи дел од нејзините активности и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска.