Откриен огромен кањон долг 800 километри под мразот на Гренланд

На Гренланд е откриен кањон кој е прекриен со мраз веќе 400 милиони години, а се претпоставува дека најпрво настанал од голема река.

Американските и британските научници под масивниот слој на мраз го открија најголемиот кањон на светот. Сателитските снимки на НАСА покажуваат дека станува збор за кањон подолг од Гранд Кањонот. Новооткриениот мегакањон е долг 800 километри, широк 10 километри, а на немои места длабок и до 800 метри.