Најбогатата личност во Австралија порачува затворениците да си го платат нивниот излез

Најбогатата личност во Австралија, Џина Рајнхарт порачува дека недостатокот на работна сила во Австралија и застојот на економијата можат да се решат, доколку би се пуштиле од затвор ненасилните затвореници, така што би го платиле нивниот излез, а и би постанале работници кои ќе и плаќаат данок на државата.

Наследничката на рудникот Хенкок во колумна за еден австралиски весник истакнала дека на Австралија и е потребен поголем број на рудници, така со враќањето на криминалците како работна сила, би ги зајакнало приходите од даноците.

„Нека платат за да излезат од затвор или за да не влезат во него, нека бидат дел од работната сила која ќе плаќа даноци“, – напишала Рајнхарт.

Таа укажува дека сличен систем се спроведува во американската држава Тексас и дека се покажал како хуман, штедлив и успешен начин за решавањето на проблемите на ненасилните затвореници.

Мултимилијардерката, минатата година им порачала на Австралијанците помалку да пијат, помалку да пушат и помалку да се дружат, а повеќе да работаат. Исто така, таа предупредила дека Австралија станува прескапа за мултинационалните компании кои можат да ангажираат работници за два долари дневно во Африка.