УНИЦЕФ: Во 2012 починале 6,6 милиони деца

Смртноста кај децата во светот е преполовена од 1990 година, но бројот на починати деца и понатаму е висок. Во 2012 година во светот починале 6,6 милиони деца, соопшти УНИЦЕФ.

Скоро половина од починатите деца се од пет држави: Нигерија, Конго, Индија, Пакистан и Кина, стои во извештајот на УНИЦЕФ. Децата најмногу умираат од маларија, воспаление на белите дробови и дијареја, поради што дневно умираат околу 6 илјади деца, а високата смртност исто така е причинета и од недостаток на храна.

„Напредок може да има и мора да се направи“, – истакна извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. Тој изјави дека има напредок од 1990 година до ден денес, но како може тоа да се нарече „напредок“ кога има уште толку многу работи да се направат.