Охрид ќе се поврзе со светските метрополи

Од нова година на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе бидат воспоставени редовни авио линии со Словенија, Италија, Австрија и Швајцарија.

На иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески локалната самоуправа Охрид веќе издвои 6 милиони денари за субвеницонирање на нискобуџетни авио комапнии за 2013 година. Исто толку средства се очекува да издвои и општина Струга.

„Нашите планови се оваа сума да ја зголемиме за наредната година на 12 милиони денари за субвенционирање на редовни летови од Охридскиот аеродром. И јас се надевам дека градоначалникот на Струга ќе го следи овој наш потег, а денес добивме уверување дека исто и Струга ќе предложи на советот да прифати одлука за субвенционирање на овие летови“, – изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Анализите направени во изминативе пет месеци покажале дека дури 30% од патниците на скопскиот аеродром живеат во Југозападниот регион во земјава. Со вопоставувањето на евтини авио линии ќе им се олесни патувањето на жителите на Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Битола, Поградец и Корча.

„Се надевам дека ќе се зголеми фрекфренцијата и ќе бидат застапени и други авиокомпнании Засега интерес за воспоставување на летови покажаа авиокомпанијата „Виз Eр“ и „Адрија Eрвејс“, – додаде Бакрачески.

Со воспоставувањето на редовни авио линии со нискобуџетните компании се очекува да се зголеми бројот на туристи во Охрид.