Спортската сала „Билјанини Извори“ спремна за претстојниот турнир и за натпреварувачката сезона 2013/2014

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид во пресрет на започнувањето на натпреварувачката сезона 2013/2014  како и во пресрет на Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“ кој викендов ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини Извори“ деновиве ги направи и последните подготовки кои опфатија средување на просторот околу спортската сала и внатре во салата, фарбање на оградата која се наоѓа во склоп на спортската сала, замена на нефункционални столови со нови како и фарбање на надворешниот дел на спортската сала.

Во склоп на овие подготови, автентично  на еден дел од надворешноста на спортската сала се нацртани графити со спортски содржини.