750 илјади домаќинства во БиХ поседуваат нелегално оружје

Во Босна и Херцеговина дури 750.000 домаќинства поседуваат илегално оружје, а дури 90% од вооружените кривични дела се предизвикани од употреба на илегално оружје, стои во известувањето во Развојниот проект на Обединетите нации во БиХ (УНДП).

Загрижува бројот на илегалното оружје, и покрај големиот број на акции во кои граѓаните без никаква одговорност можеа да го предадат, туку напротив, бројот се зголемува, а во последните 2 години пораснал за околу 300 илјади.

Според статистичките податоци, во Бих живеат околу 3,8 милиони жители, што укажува на тоа дека секој петти жител има некакво илегално оружје.

Поалармантни се податоците за достапноста до оружјето, понуди можат да се најдат во весниците и на интернет. Се е на продажба, од рачни бомби, пиштоли, автоматски пушки, па се до рачни фрлачи на гранати. На Фејсбук се нудат со подетални описи, фотографии, а ги има и оние со натпис ЈНА.

Според директорот на Федералната управа, би требало да се реагира во случај на појава на вакви огласи, во кои првенствено се продаваат автоматски пушки, бидејќи за нив законска дозвола не може да има ни продавачот ни купувачот.