Средби на министерот Никола Попоски со министрите за надворешни работи на Бугарија и на Грција

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата, Никола Груевски, покрај учеството на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, денес, на маргините на генералната дебата оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин.

На средбата, двајцата Министри се осврнаа на актуелните политичко-економски прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку  реализирање на конкретни проекти што се од интерес на граѓаните од Македонија и Бугарија. Акцент беше ставен на европската перспектива на регионот, која може да биде реалност само преку отворен дијалог и соработка. Двајцата министри се согласија дека би можело наскоро да има средба на Мешовитиот комитет за економска соработка.      

Министерот Попоски исто така оствари средба и со грчкиот Министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Притоа, министерот Попоски ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за интензивирање на дијалогот со Република Грција со цел изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за разликата за името. По средбата, министерот Попоски објави на Твитер: „Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување дека има желба да станат дел од решението. За се може да бидеме партнери, за спорот меѓу нас се планини“.

popovski_venizelos_g222