Деби гол на Јаховиќ против Динамо Киев

Адис Јаховиќ го постигна својот деби гол за тимот на Ворскла Полтава и тоа на натпреварот против Динамо Киев.

Иако Јаховиќ дебитираше за тимот на Ворскла Полтава пред 4 денови во купот на Украина, сепак ова беше негов прв настап во Украинската Премиер Лига. Тој го отвори резултатот во 33 минута, а неговата екипа имаше предност пред фаворизираниот Динамо Киев до самата завршница на натпреварот. На крајот сепак гостите успеаа да изедначат на 2:2 во судиското продолжение.

WebOhrid