Се запали брод на Темза, спасени сите 30 лица

Лондонската полиција спасила 30 лица од реката Темза откако нивниот брод се запалил во близина на зградата на парламентот. На бродот од компанијата „London Duck Tours“ се наоѓале 28 патници и двајца членови на екипажот, соопштија лондонската полиција. Во гаснењето на пожарот учествувале шест противпожарни коли и еден брод.

Откако избувнал пожарот на бродот, многу од туристите почнале да скокаат во реката. На помош пристигнале и други туристички бродови кои биле во близина. Хоспитализирани се една жена и едно дете, бидејќи вдишиле поголемо количество на чад, додека пак останатите патници не се повредени.