Лондонската полиција спасила 30 лица од реката Темза откако нивниот брод се запалил во близина на зградата на парламентот. На бродот од компанијата „London Duck Tours“ се наоѓале 28 патници и двајца членови на екипажот, соопштија лондонската полиција. Во гаснењето на пожарот учествувале шест противпожарни коли и еден брод.
Откако избувнал пожарот на бродот, многу од туристите почнале да скокаат во реката. На помош пристигнале и други туристички бродови кои биле во близина. Хоспитализирани се една жена и едно дете, бидејќи вдишиле поголемо количество на чад, додека пак останатите патници не се повредени.