Научниците од Харвард ќе прават „светлосен меч“

Благодарение на група научници од Харвард, светлосниот меч, за каков што сонуваат обожавателите на „Војна на Ѕвездите“, наскоро би можело да стане реалност.

Технологијата која овозможува создавање на вакво нешто претставува можност од врзани фотони да се создадат молекули. Практично, тоа овозможува светлината да се однесува како цврста материја.

Оваа појава во пракса би можела најдобро да се објасни со „светлосниот меч“ како од филмот „Војна на Ѕвездите“. Ова истражување би можело да стигне до таму, со што би се создавале квантни компјутери, до крајот на овој век. Таквите компјутери би работеле со брзина на светлината, отприлика 10 илјади пати побрзо од она што го имаме денес.