Експертите прогнозираат најладна зима во Европа

Експертите прогнозираат дека Европа оваа година ќе биде соочена со една од најладните зими.

Германските експерти истакнуваат дека можеби ќе ја имаме најладната зима во последните 100 години. Како најладни месеци се издвојуваат јануари и февруари, додека пак затоплување се очекува дури од април.

Причина за ваквите прогнози се арктичките струи кои допираат до Европа, а со тоа пониска е активноста на Сонцето.