Зоран Стратев го објави списокот за Велс и Србија

В.Д. селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Зоран Стратев го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за двата последни квалификациски натпреавари со Велс и Србија на 11 и 15 октомври во Кардиф и Јагодина. На листата со играчи на Стратев нема многу промени во однос на предходните пресметки од квалификациите за Светското првенство 2014 година. Демири се враќа после повредата, Бабунски повторно е со најдобриот тим, како дебитант е повикан Алиоски од Шафхаузен, а Дејан Блажевски од Хоризонт Турново е единствениот повикан фудбалер од домашното првенство.

Собирот на репрезентативците е на 7.10.2013 (понеделник) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Првиот тренинг ќе се одработи истиот ден во 18:00 часот на терените во комлексот „Куќа на фудбалот“.

В.Д. селекторот Зоран Стратев во вторник во 13:30 часот во „Александар Палас“ ќе има конференција за медиуми. Експедицијата на Македонија во четврток околу 10 часот со чартер лет тргнува кон Кардиф за натпреварот со Велс, а во Скопје се враќа в сабота во попладневните часови. По два дена тренинзи во Скопје, во понеделник се патува за Србија, во Јагодина на 15.10.2013 го играме последниот натпревар од тековните квалификации.

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија); Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка); Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)

Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија); Стефан Ристовски (Латина, Италија); Николче Новески (Мајнц 05, Германија); Ванче Шиков (Волин, Украина); Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија); Даниел Мојсов (Бран, Норвешка); Ерџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија).

Среден ред: Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија); Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан); Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска); Предраг Ранѓеловиќ (Јагодина, Србија); Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија); Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел);

Напад: Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина); Иван Тричковски (Васланд Беверен, Белгија); Александар Трајковски (Мехелен, Белгија); Горан Пандев (Наполи, Италија); Мирко Ивановски (Астра, Романија); Агим Ибраими (Каљари, Италија); Јован Костовски (Леувен, Белгија); Дејан Блажевски (Хоризонт Т., Македонија).