Без Тричковски против Велс и Србија, повикан Даниел Ивановски

Македонската А репрезентација денеска ги започна подготовките за двата последни натпревари против Велс и Србија од квалификациите за Светското првенство 2014 година.

Од играчите кои беа на списокот на в.д. селекторот Зоран Стратев недостасува само Иван Тричковски. Фудбалерот на Беверен поради повреда нема да биде во составот на македонската репрезентација за квалификациските натпревари против Велс и Србија кои се играат на гостински терен на 11 и 15 октомври. Нашиот репрезентативец заработи повреда на натпреварот на неговиот Беверен против Остенде од десеттиот круг од најдобрата белгиска конкуренција.

В.д. селекторот на А репрезентацијата на Македонија на местото на Тричковски го повика фудбалерот на шведски Мјалби, Даниел Ивановски. Нашата најдобра селекција денес во 18:00 часот одработи тренинг во комплексот „Куќа на фудбалот“.