Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид се врати со солидни резултати од Бугарија

Веслачите на Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид утринава се вратија од Пловдив Република Бугарија каде што викендов учествуваа на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ освојувајки шест медалји и тоа:

Анастазија Паскали го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за кадетки, и второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за сениорки.

Мартина Тодоровска го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за лесни веслачки во сениорска категорија, исто така го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за јуниорки и во дисциплината веслање на ергометар за јуниорки  го освои второто место – сребрен медал. 

Исабела Димовска го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за сениорки.