Денес беше последниот ден од обуката против говор на омраза, која се одржа во рамки на Националната Кампања против говор на омраза, чиј координатор е Агенцијата за млади и спорт.
Обуката која започна на 1-ви октомври е проект на Центарот за Меѓукултурен Дијалог од Куманово, наменет за едукација и обука на обучувачи против говор на омраза, а истата е финансиски поддржана од страна на Совет на Европа. Во рамки на обуката учествуваат 25 учесници од повеќе организации, како и наставници, професори и поединци – активисти за човековите права.
Во рамки на обуката од страна на претставници на Агенцијата за млади и спорт и Совет на Европа беа презентирани целите и досегашните активности на Кампањата против говор на омраза во Република Македонија, но и глобалната кампања која истовремено се одвива во повеќе земји членки на Совет на Европа.