Нов бродолом во Медитеранот, спасени над 200 мигранти

Спасувачите од Италија и Малта успеале да спасат 206 мигранти по последниот „најнов“ бродолом кој се случи во каналот помеѓу Сицилија и Тунис.

Според последните податоци, спасителите извлекле 34 тела. На бродот кој потона се наоѓале околу 250 бегалци кои требало да се истоварат на италијанскиот остров Лампедуза.

Поголемиот дел од преживеаните по потекло се од Сирија, а меѓу нив имало и Палестинци.

Овој бродолом се случи на осум дена по несреќата кај Лампедуза, каде според последните податоци се удавија 339 луѓе, најголем дел од нив од Сомалија и Еритреја.

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, од почетокот на годината до сега, околу 32 илјади мигранти стигнале до Италија и Малта. Две третини од нив побарале азил.