Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи за над 57%

 Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во август 2013 година изнесува 1 089 688 илјади денари што претставува зголемување за 57.7% во споредба со август 2012 година.

 Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 34.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 69.4%.

 Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето и грозјето, млекото и рибата, а намалување се забележува кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, алкохолните пијалоци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.