Системска дератизација на улиците во општина Охрид

ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид во соработка со Локалната самоуправа  во периодот од 14-ти октомври до 17-ти октомври ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот како и по улиците Туристичка, Железничка, Питу Гули, Јане Сандански, 7миНоември, Кеј Маршал Тито, Димитар Влахов, Даме Груев, Партизанска и Живко Чинго.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд)  дератизацијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања: отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид  046 231 881;  046 230 231