Дел од земјоделските производи во септември поскапи, а дел поевтини

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај гравот, кромидот, краставиците и портокалите. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот. 

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај оризот, кромидот, краставиците и бананите. 

Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.