Македонија падна на 86 место според најновата ФИФА рејтинг листата

Поразите на Македонија од Велс и Србија во рамките на последните два квалификациони натпревари за пласман на Светското првенство во Бразил, ја „паднаа“ Македонија 11 места подолу на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, денес фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 86 место.

Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Белгија со скок од едно место се искачи на 5-то место, Хрватска забележа пад од -8 места се најде на 18-то место, Србија со скок од +15 се најде на 28-то место, Шкотска со скок од +28 се најде на 35-то место, а Велс со скок од +8 се најде на 44-то место.

Зад водечката Шпанија, промени на врвот на ФИФА рејтинг листата има на второто место, каде се најде Германија, а Аргентина падна на третото место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Молдавија, со скок од +33 места се најде на 96-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Нова Каледонија од -31 место и се најде на 126-то место.

WebOhrid