Сојуз за иднината: ДПМНЕ вчера ја сакаше опозицијата во Советот само за да има алиби за одлуките

Советничката група од „Сојузот за иднината“ испрати реакција во врска со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое што бојкотот на опозицијата беше оценет како одраз на несериозноста на СДСМ и ВМРО-НП кон битни општествени прашања. 

„Советничката група од Сојузот за иднината е сериозно загрижена од нивото (односно отсуството на истото) на обраќање кон опозицијата од страна на ДПМНЕ. Имајќи предвид дека  безидејноста и неподготвеноста  на ДПМНЕ за носење со одговорноста е се поочигледна, логично е да се очекува  спасот  да се бара во тривијални соопштенија. Почитуваните советници од мнозинството како и раководниот кадар од партијата на власт, треба да бидат  станат свесни за одговорноста и довербата која им ја дадоа граѓаните, истовремено не заборавајќи дека и членовите на опозицијата ги гласаа граѓани од овој град.

Од друга страна, ако сакаме пак да зборуваме за изјавите кои ги даваа во текот на вчерашниот ден, тогаш коректно е да се потсетиме како истите тие кои вчера имаа потреба од опозиција пред само неколку месеци беа одлучни да одат на избори без опозиција. Совршено ни е јасно дека ДПМНЕ вчера ја сакаше во Советот  опозицијата само за  да има алиби за одлуките односно како параван позади кој ќе се сокријат. Нашата одлука за напуштање на седницата е само јасен сигнал дека не се сложуваме со ништо што е мета на политички прогон, истовремено почитувајќи го сечие право да биде невин, доколку не се докаже обратното.

Сојузот за иднината бара од ДПМНЕ и мнозинството да покажат зрелост, одгворност и пристојност во обраќањето и веднаш на следната седница на која ќе присуствуваме да ги стави точките кои вчера ги повлекоа од дневен ред, тенденциозно, глумејќи изненадени на одамна најавено отсуство. За градинката и децата кои плачат, за најмладите советници во Македонија како и нивното неснаоѓање со состојбите зборуваат соопштенијата и  изјавите. Вчера, не само што сакавте на грб на охриѓани да ловите политички поени туку и неуспешно ја игравте улогата на наивност и затеченост бегајќи од општествената одговорност за која ќе дискутираме на следната седница на Советот на Општина Охрид. Почитувани, знаеме дека вчера ви недостигавме, не само со идеи и  конструктивност, туку и со целосна одговорност за преземање на вината, дури и кога ја немаме односно, кога не сте кадарни да ја понесете самите, што само потврдува дека сме го положиле тестот на злрелоста и несуетноста.“ – стои во реакцијата од Советничката група на „Сојузот за иднината“.