Во сабота акција за зелен отпад од „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 02 ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбите „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“.

 Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

 Распоредот на есенските акции за подигнување зелен отпад е следен:

  • 02.11.2013 год.: нас. „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“;
  • 09.11.2013 год. : нас. „Воска“ и „Даљан“;
  • 16.11.2013 год. : нас. „Видобишта“;
  • 23.11.2013 год. : нас. „Црногорци“.

 За овие акции граѓаните ќе бидат навремено информирани.