Третоодделенци од ОУ „Св.Климент Охридски“ ја посетија охридската библиотека

Учениците од трето одделение при основното училиште ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, вчера ја посетија Националната установа – библиотека „Григор Прличев“, со цел да се запознаат со постоењето и значењето на оваа установа и воедно да се поттикнат на читање и љубов кон пишаниот збор.

„Учениците беа љубезно пречекани од вработените, се запознаа со дел од нив. Младата срдечна библиотекарка ги поведе низ просториите и ги запознаваше со податоци за оваа стара и богата библиотека. Ги разгледаа полиците полни со разновидни книги, од писатели од целиот свет, се до писатели од родниот крај. Со воодушевување гледаа во старите изданија кои беа изложени во Прличевата одаја. Се запознаа со најстарата книга која ја поседува библиотеката како и начинот на кој старите книги се обновуваат и заштитуваат. Беа известени како се станува член на градската библиотека. Тие најконкретно ја сфатија улогата на библиотеката да позајмува книги за сите читатели, од најстариот до најмладиот член, и посакаа да бидат нејзини читатели или пак писатели кои ќе ги пишуваат тие книги“, – вели директорот на ОУ Св.Климент Охридски, Јордан Пуроски.

 Откако учениците добија јасни одговори на поставените прашања, тие заедно со своите одделенски раководители В.Кузманоска и В. Илиевска, се заблагодарија и си заминаа со многу свои идеи и соништа за иднината.

UceniciPosetaBiblioteka01 UceniciPosetaBiblioteka05 UceniciPosetaBiblioteka03