Граѓаните на средба со стручните служби од урбанистичката сфера

Со цел подобрување на квалитетот на услугите во делот на урбанистичката сфера, денеска граѓаните кои имаат потреба од стручно мислење или решавање на предмети во управна постапка од делот на урбанизам имаа можност директно да се обратат до стручните служби на Секторот за урбанизам.

Над 100 странки денеска имаа можност да се консултираат, да добијат стручно милење, појаснување, упатства и насоки за секој предмет пооделно. 

Во вторник (12 ноември)  повторно целата администрација од Секторот за урбанизам (урбанисти, правници итн.),  ќе им биде на располагање на граѓаните со кои заедно  ќе ги разгледуваат и ќе носат одлуки за секој урбанистички предмет пооделно.

Како што најави градоначалникот Бакрачески, новиот пристап за побрзо и поефикасно решавање на предметите од урбанистичката сфера продолжува во континуитет.

Sredba_gragjani_urbanizam_4851