Во недела голем хуманитарен концерт во организација на Црвен крст

Во рамките на своите хуманитарни активности, Црвен крст Охрид со помош и поддршка на хрватската фирма „Синерга“ ви најавува, за прв пат во Охрид, голем хуманитарен концерт на Госпел поп-рок музика, со настап на кантавторот Данко Томовиќ и музичката група Адонаи од Република Хрватска. Настанот ќе се реализира на 10.11.2013 (недела) во Спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток во 13:00 часот.

Телесниот хендикеп-оштетен вид, со кој се соочува кантавторот Данко Томовиќ, беа повод средствата собрани од овој хуманитарен концерт од продажбата на влезници (50 денари) и продажба на оригами производи изработени од младите членови на оригами клубот при Црвен крст Охрид, да бидат наменети за набавка на помагала за лицата со оштетен вид и слух од Охрид.