Одржан ноемвриски крос во рамките на одбележувањето на патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“

Во рамките на одбележување на патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ се одржа ноемвриски крос пред Општинската зграда во с.Белчишта.

На најдобрите им беа врачени благодарници од страна на директорот на училиштето Иван Димоски и медали кои им ги додели секретарот на Општина Дебарца Илија Дуклески.

Победниците на кросот се:

Машка конкуренција:

  1. Дамјан Левески – златен медал
  2. Валентин Петрески – сребрен медал
  3. Стојан Дукоски – бронзен медал

Женска конкуренција:

  1. Росана Силјаноска – златен медал
  2. Александра Калушоска – сребрен медал
  3. Емилија Наумоска – бронзен медал

Наставниците по ФЗО Љупчо Ѓуроски, Наумче Јанкулоски и Дивна Бутеска дадоа голем придонес во организацијата на овој крос, на кој што покровител е Општина Дебарца. Директорот Иван Димоски искажа голема благодарност до градоначалникот Игор Трајкоски за успешната соработка и порача оваа традиција да се негува и во наредните години.