Бабунски го објави списокот за натпреварите против Азербејџан и Норвешка

Селекторот на националната репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на играчи на кои смета за квалификациските натпревари против Азербејџан и Норвешка од циклусот за пласман на Европското првенство во Чешка 2015 година. Натпреварите се играат во Скопје на Националната арена „Филип Втори“  на 15-ти и 19-ти ноември. За натпреварите од тековните квалификации, Бабунски повика 24 фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Дени Илиев (Арсенал, Англија), Андреја Ефремов (Металург, Скопје)

ОДБРАНА:

Езгјан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Стефан Ашковски (Доњи Срем, Србија), Христијан Драгарски (Пелистер), Висар Муслиу (Ренова), Дино Најдоски (Работнички), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Александре Дамчевски (Криенс, Швајцарија)

СРЕДЕН РЕД:

Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Мартин Блажевски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија ЃП), Мицевски Дарко (ОФК Белград, Србија), Наумчевски Филип (Хоризонт Турново), Николов Бобан (В.Констанца, Романија)

НАПАД:

Дориан Бабунски(Реал Мадрид, Шпанија, Марјан Радевски (Металург), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Дарко Велковски (Работнички), Маркоски Кире (Работнички)

„Не очекуваат два исклучително важни натпревари. Нашите абмиции за висок пласман зависат од резултатот од натпреварите против Азербејџан и Норвешка. Ги анализираме гостинските пресметки во Баку и Драмен и ќе се обидеме подобро да ја составиме екипата, да ги утврдиме добрите работи и на тој начин да ја поставиме играта. Поединец во екипата не значи ништо, само ако работиме заедно ќе се врати успехот во репрезентацијата. За нас е многу важно на теренот да изгледаме како вистинска екипа која знае што сака. Јасно е дека сите ќе имаат свои задачи и никој нема да има потполна слобода да може да работи тоа што ќе посака. Во подготвителниот период сите ќе мора да се докажат и да се изборат за настап. Инсистираме на одговорност и дисциплината како на натпреварите, така и на тренинзите. Мотивот е секогаш присутен, во наредните неколку денови сите мора да работиме напорно и да ја достигнеме најдобрата форма, само на тој начин можеме до победа“, изјави Бобан Бабунски.

Во квалификациите за Европското првенство во Чешка, Македонија е во групата 8 со селекциите на Португалија, Норвешка, Израел и Азербејџан. На двата гостински натпревари против Азербејџан и Норвешка освоивме бод, одигравме без голови во Баку, бевме поразени со 2:0 во Драмен од Норвешка.

Натпреварот против Азербејџан во Скопје се игра на 15-ти ноември (петок) во 17:00 часот. Влезот на Националната арена „Филип Втори“ е слободен.