Со полагање на свежо цвеќе одбележана 70-годишнината од формирањето на првата МКНОУПБ

Со полагање на свежо цвеќе, делегација на Општина Дебарца, делегација на главниот и градскиот одбор на СБМ, претставници на АРМ гарнизон Кичево, Општинска Организација на Сојуз на борци од Струга и претставници од ЦОУ „Дебрца“ започнаа активностите за одбележување на 70 годишнината од формирање на првата МКНОУПБ.

Пред присутните во с.Сливово за значењето на настанот се обрати професорот по историја Наце Иваноски, а ги поздрави претседателот на секцијата на бригадата Тодор Коцевски.

Активностите продолжија во текот на денот со посета на спомен собата на НОБ во с.Белчишта и Ликовната колонија. Потоа беше положено цвеќе на споменикот Трајче Дојчиноски на паднатите борци од НОБ во Белчишта.

Slivovo02 Slivovo03