Во Нигер гладуваат околу милион луѓе

Околу милион луѓе во Нигер, една од најсиромашните земји во светот, се соочуваат со голем недостиг на храна поради лошата жетва после сушите и поплавите кои ја погодија оваа африканска земја.

На гладните, до крајот на оваа година ќе им биде пратена меѓународна помош од околу 84 милиони евра.

Нигер, чија територија со 80% ја покрива пустината Сахара, поради недостигот на храна има најголем степен на неисхранети деца.

Од 2010 година, околу 300 илјади неисхранети деца добиваат медицинска помош, но и покрај тоа, годишно умираат околу 6 илјади деца.