На Филипини прогласена состојба на национална катастрофа

Филипинскиот претседател Бенињо Акино Трети, прогласи состојба на национална катастрофа по штетите кои ги предизвика супер тајфунот „Хаијан“.

Вонредна состојба е прогласена во градот Таклобан како и во делови од Лејте и Самар, по инцидентите со кражби, односно извршени напади врз камионите со хуманитарна помош кои пристигнуваат на Филипините.

Состојбата во Таклобан со други зборови се опишува како сцена после апокалипсата, каде бројот на жртви се проценува над 10 илјади. Околу 630 илјади луѓе се раселени, бидејќи силните ветрови и поплави ги уништија нивните домови, а оштетени се и патиштата и аеродромите, со што е оневозможено брзо доставување на неопходна помош.