Уште 15 дена за доставување на програми и проекти за реализација во 2014

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.Македонија бр.5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид  (Сл.гласник на Општина Охрид бр.8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за поднесување програми и проекти за реализација во 2014

           Градоначалникот на Општина Охрид ги повикува сите организации и поединци од областа на спортот, културата, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации да достават програми за предвидени проекти во 2014 година со финансиски параметри кои би им биле потребни за реализација на истите.

Финансиските параметри се потребни за рамковно проектирање на буџетот на Општина Охрид за 2014 година во горенаведените области и натамошна подршка во реализацијата на избраните проекти за финансирање во 2014 г.

Критериуми кои организациите и поединците треба да ги исполнат се:

Да достават спецификација за обезбедени финансиски средства(сопствени средства,спонзори и сл)

Да достават спецификација за потребни финансиски средства од Општината

Сите проекти да бидат реализирани на територијата на Општина Охрид.

       Документацијата да се достави во просториите на Општина Охрид (шалтерска служба) или по пошта до ОПШТИНА ОХРИД- Сектор за јавни дејности, адреса ул.„Димитар Влахов“ бр.57 6000 Охрид, најдоцна 30 дена од објавувањето на web страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk

Задолжително со пријавата доставете го и проектот во плико со назнака “ЈАВЕН ПОВИК за поднесување програми и проекти за реализација во 2014п3. Пријава подигнете овде… (преземи тука… )

Општина Охрид 

Градоначалник

Никола Бакрачески