ОК на ВМРО-НП го претстави Проектот за селектирање на отпад од домаќинствата

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија го претстави проектот за селектирање на отпад од домаќинставата во општина Охрид.

Основна замисла на Проектот е селектирање на отпадот од домаќинствата, а со цел намалување на трошоците на одведување на комуналниот отпад.

„Моментално комуналниот отпад се подигнува од целата територија на општина Охрид и се транспортира и одлага до депонија Буково која се наоѓа на 25 км оддалеченост од општина Охрид. Заради немање на техничко технолошки, а посебно економски можности отпадот не се селектира и при тоа се прават неколку кратно повеќе трошоци отколку би се селектирал. Имено врз основа на  анализата која е направена во севкупниот отпад кој се подигнува околу 50 проценти припаќа на оној отпад кој може да се рециклира и да преставува приход на претпријатието, а воедно ќе се намалат значително трошоците на негово одведување во смисла на намалување на отпадот по основ на тежина и волумен што би придонело, а намалување на трошоците за гориво, масло, мазива, амортизација и човечки потенцијал односно нив рационализација“. – истакна претседателот на ВМРО-НП Охрид, Ванчо Костоски.

Како што рече Костоски поради неможноста да се изгради центар за селекција и преработка на отпадот, замислата на овој проект е да се направи експериментален проект за селекција на отпад на еден реон (населба) со околу 500 домаќинства, кои домаќинства би се  задолжиле со по 2 канти за отпад од 120 литри во различна боја во која би се селектирал отпадот. Односно во едната би се полагал само отпадот од домаќинства кои не може понатака да се рециклира а во другата канта би се полагал отпадот кои може да се рециклира (хартија, пластика, стакло, метал).

„Од искуство каде досега се применува селектирањето на отпадот околу 22% отпаѓа на хартија, околу 15% пет амбалажа и околу 13% на останатиот отпад кој може да се рециклира: стакло, пластика, метал, дрво“. – додаде Костоски.

Со  примената на овој проект  како што нагласи Костоски, ќе дојде до намалување на трошоците по основ на гориво, мазива и амортизација кои на годишно ниво и не се така мали, исто така тој додаде дека со селектирањето на отпадот и негова продажба ќе се соберат значителни материјални средства.

„На годишно ниво во општина Oхрид се собира некаде околу 22 000 тони отпад и ако се направи мала математика односно ако 40% од истиот се селектира би стигнале до износ од 8000-9000 тони отпад кој може да се комерцијализира односно на годишно ниво би стигнале до завидна сума на пари кои понатака можат да се употребат за обновување на возниот парк. Овој пилот проект се прави на околу 500 домаќинства и може да трае неколку месеци, а по неговата успешност може да се примени на целата територија на општина Охрид. Цената на чинење на 1000 канти колку што  се потребни за овој пилот проект  е околу 10.000 до 12.000 евра“. – рече Костоски.

WebOhrid