Непознат сторител со фантомка и пластичен пиштол одзел 16 илјади денари од пошта во Охрид

На 16.11.2013 година во 17:40 часот во Охрид, на ул.„Билјанини извори“ во пошта непознат сторител маскиран со фантомка на главата и под закана со пиштол извршил разбојништво над вработената С.Л.(42) од Охрид, при што одзел околу 16.000 денари. Откако сторителот ја напуштил поштата, случаен минувач се обидел да го задржи, но сторителот физички го нападнал, по што се дал во бегство и во тој момент му паднале делови од пиштолот, при што е утврдено дека е пластичен.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.