Во Тајван запленета најголема количина на хероин во последните две децении

Тајванската полиција објави дека го пресекла најголемиот синџир за трговија со дрога и запленила 229 килограми хероин, што е најголема количина во Тајван во последните 20 години.

Во контејнер кој стигнал со авион од Виетнам, биле откриени 600 пакетчиња хероин. Уапсени се осум лица, а се трага по уште неколку, кои се осомничени.

Вредноста на запленетиот хероин се проценува на околу 30,5 милиони долари, но на улиците во Тајван вредноста би можела да биде дури 10 пати повисока.

Според тајванските закони, за производство, транспорт и трговија со хероин, може да се „заработи“ смртна казна.