Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подмоље-Ќафасан

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што денес, во 16 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Ќафасан непосредно после крстосницата за селото Мислешево. 

Љатифа М.(58) од Струга им подлегнала на повредите во општата болница во Струга каде веднаш била пренесена откако врз неа налетало патничко моторно возило марка „БМВ“ со струшки регистарски таблици управувано од Д.К.(41) од Струга. Истиот, по барање на истражен судија е задржан во полициската станица од Струга и земени се крв и урина за понатамошна анализа.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент на невнимателно и непрописно преминување на коловозот од сега починатата Љатифа М. како и неприспособено управување односно неприспособување на брзината на движење на возилото према состојбата на патот.  

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител од Струга како и полициски екипи од  полициската станица во Струга. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат беше физички регулиран и пренасочуван по споредни патишта и улици.

Во текот на утрешниот ден, доктор на судска медицина врз телото на починатата ќе изврши обдукција.