Во сабота акција за зелен отпад од населбата У.З.14 „Радојца Новичиќ“ (Црногорци)

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 23 ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од населбaта У.З. 14 „Радојца Новичиќ“ (Црногорци).

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Со оваа акција завршува годинешниот циклус на акции за подигање кабаст и зелен отпад.