Кадровско доекипирање на Општинската организација на СДСМ Дебарца

Извршниот одбор на Општинската организација СДСМ Дебарца, на синоќешната седница едногласно усвои неколку кадровски решенија со кои изврши доекипирање на Општинската организација.

На предлог на Претседателот на Општинската организација, Зоран Ногачески Извршниот одбор за секретар на Општинската организација го избра Стојан Прензоски, дипл.правник со положен правосуден испит и магистрант на Правниот факултет  „Јустинијан Први“, во Скопје.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање Центар за комуникација со јавноста, во чиј состав влегуваат: Благојче Стојчески, дипл.економист, Ангел Секулоски, дипл.инж.агроекономист, Радмила Филипоска, дипл.економист и Славица Кузеска, студент на правни науки.

За портпарол на Општинската организација именуван е Ангел Секулоски.

За претседател на Надзорниот одбор на Општинската организација избрана е Катерина Боческа, дипл.менаџер по осигурување.

Како што информираат од ОО на СДСМ Дебарца, во наредниот период се планира да се одржат изборни состаноци по месните одбори, како и избор на претседател на ЛК СДMМ Дебарца и координатор на Форумот на жени.