Јапонец добил ХИВ од донирана крв

Оваа година во Јапонија регистриран е случај на заразено лице од ХИВ вирусот по трансфузија на крв, додека пак резултатите за другото лице кое исто така примило крв од донаторот на крв позитивен на ХИВ вирсот, не се објавени.

Портпаролот на јапонскиот Црвен крст, Акико Накано изјави дека тестот спроведен овој месец на еден од машките донатори покажал дека е позитивен на ХИВ вирусот.

Накано изјави дека тој човек и претходно донирал крв оваа година, што значи дека две лица примиле негова крв. Резултатите за другото лице сеуште не се објавени.

Јапонија имаше ваков сличен случај во 2003 година кога тестирањето на еден од примателите на трансфузија покажало дека е позитивен на ХИВ вирусот.

Годишно во Јапонија тестовите покажуваат дека околу 460 луѓе се позитивни на ХИВ вирусот.